Самсоненко: Сега ќе работиме на трета титула!

samsonenko treta titula
Прочитај за: < 1 минута

Вардар пак ја обедини Македонија. „Црвено-црното“ семејство повторно се издигна на врвот на европскиот ракомет и по вторпат во својата историја се закити со трофејот од Лигата на шампионите.

Големиот успех на вардарци доаѓа по турбулентен период во кој сопственикот на клубот, Сергеј Самсоненко, пред четвртфиналниот дуел со ПИК Сегед ја извести јавноста дека доколку не добие финансиска поддршка, заминува од Вардар и проектот завршува. Но, по освоениот втор европски трофеј, рускиот бизнисмен за Gol.mk изјави дека во овој момент размислува само на едно нешто – како до трета титула во ЛШ!

„Зошто сте зборуваат за некој крај? Она што е важно сега е дека освоивме две европски титули од можни три. Уште сега треба да работиме на трета титула. Јас секогаш верувам во титули. Еве го Филип Лазаров е тука, одамна не е во клубот, но ме познава. Јас секогаш верувам во титули.

Беше тешко да се преживее викендов, но сега треба да славиме, потоа ќе зборуваме за други работи. Има многу информации, преговори, но сега тоа не е важно. Сега треба да славиме“, рече Самсоненко.

Вардар до големиот успех во Келн стигна по победите над Барселона во полуфиналето и над Веспрем во мечот за титула.

Извор: Гол.мк

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE