Home Политика Силјановска-Давкова 362 682, Пендаровски 180 306 – податоци од ДИК по 99,85...

Силјановска-Давкова 362 682, Пендаровски 180 306 – податоци од ДИК по 99,85 % обработени избирачи

291
0

По пребројаните 99,85 отсто од избирачите кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност пред кандидатот поддржан од СДСМ, додека кандидатот на коалицијата „Европски фронт“ е трет

По пребројани 99,85 отсто од избирачите, Гордана Силјановска-Давкова има 362 682 гласа, а Стево Пендаровски 180 306 гласа.

По нив следува кандидатот за претседател на коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, Бујар Османи кој од досега пребројаните избирачи има 120 903 гласа.

Претседателскиот кандидат од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски е четврти на листата со 83 787 гласови, а по него со само 431 глас помалку е кандидатот на коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари кој има 83 356 гласа.

Кандидатката од Левица Билјана Ванковска-Цветковска има 41 172, а последен на листата е Стевчо Јакимовски од ГРОМ со 8 103 гласа.