Home Спорт Ѓоковиќ: Не знам дали воопшто ми треба тренер

Ѓоковиќ: Не знам дали воопшто ми треба тренер

91
0

Новак Ѓоковиќ се уште е без тренер откако пред одредено време ја прекина соработката со Горан Иванишевиќ. Во текот на мастерсот во Монте Карло тренираше со Ненад Зимоњиќ, некогаш најдобриот играч во парови, но останува неизвесно дали Србинот ќе ја довери довербата на неговиот сонародник.

На оваа тема сега говореше и самиот српски тенисер велејќи дека не е сигурен дали воопшто му е потребен тренер со оглед на 20 годишното искуство.

„Се уште се прашувам дали ми треба тренер или не. Размислувам на разни работи. На претходниот турнир бев заедно со Ненад Зимоњиќ и конечната одлука ќе ја донесам во следните недели или месеци. Играм професионален тенисе преку 20 години и имав разни тимови и тренери. Не мислам дека не ми треба тренер или физиотерапевт, бидејќи тимот е тој кој е клучен за успех. Тоа ве прави подобар, но јас сум моментално во фаза на кариерата кога една од опциите е и да бидам без тренер“, изјави Ѓоковиќ.
( преземено од ekipa.mk )