Германската фудбалска легенда Бастијан Швајнштајгер вчера, пред натпреварот Македонија – Италија, објави фотографија во знак на поддршка на италијанскиот тим со коментар Форца Азури.
Ова веројатно беше негов повик Италија да го одмазди поразот што Македонија и го нанесе на Германија минатата година. Ова навивање за посилниот не му донесе многу симпатии на Басти, а критичките коментари експлодираа откако Трајковски го даде победеносниот гол во последните минути од натпреварот. Коментарот на Твитер доби над 3,000 реакции, добар дел од нив од Македонија.
Во ред, изгледа дека не и донесов многуо среќа на Италија вчера. Жалам за тоа. Северна Македонија лани ја победи и Германија.. тие се цврст тим. Португалија треба да внимава
https://twitter.com/BSchweinsteiger/status/1507083157820125186