Секогаш актуелниот новинар Зоран Божиновски најави дека, доколку во Собранието биде изгласан новиот изборен модел со кој и помалите партии ќе добијат шанса за фер натпревар, тој ќе формира партија.
КО БИДНЕ, А НЕ ВЕРУВАМ ДЕКА ЌЕ БИДНЕ!!! Ако актуелната собраниска БАНДА изгласа промена на изборниот модел, а јас во тоа не верувам, ќе ја спроведам во дело иницијативата БУРЕВЕСНИК да стане политичко движење. Потписи потребни за регистрација ќе собереме во рекорден рок, па ќе тргнеме во декриминализација и жестока борба против корупција со соголување до гола кожа на сите незаконски збогатени…
Божиновски понатаму ги претстави приоритетите за кои ќе се залага неговата партија:
Ќе организираме ОНЛАЈН промоции и ОНЛАЈН кампања, а сите кандидати за пратеници на чело со мене ќе се обврзат на:
Откажување од пратенички имунитет…
Откажување од делот од пратеничката плата над просечната исплатена плата во Македонија, до висината на пратеничката плата…
Откажување од наплата на патарини и сите слични надоместоци кои сега служат за грабеж на Буџетот…
Делење на добро и зло со граѓаните, без разлика на верска или било каква друга припадност…
Ослободување од ропство на вработените во МРТВ и воопшто ослободување од ропство на јавниот сервис…
Радикална реформа на образовниот систем и укинување на децениското проектирано заглупување на генерации…
Радикална судска реформа и темелно прочистување на судовите и обвинителствата од оние кои на било каков начин во минатото ја злоупотребиле функцијата…
Телевизиски преноси на судски процеси…
И многу други новини во насока на подобрување на животниот стандард, враќање на верба во системот и враќање на сите вредносни критериуми, наназад 30 години суспендирани еден по еден…
Ама, да почекаме прво актуелниот состав на пратеници да се самоубијат со донесување на промена на изборниот модел…