Градоначалникот на Аеродром Златко Марин ќе купува службен мобилен од 1600 евра

Прочитај за: < 1 минута

Градоначалникот на скопската општина Аеродром Златко Марин потпишал решение со кое му се дозволува за себе да набави службен мобилен телефон во цена во висина до 100.000 денари, објави Expres.mk.

При проверка на цените на мобилните телефони во економските оператори може да се види дека за десет пати помала сум може да се купи сосема пристоен смарт телефон.

Посебно спорно во набавката е што општина Аеродром како и сите други општини има склучен договор со економски оператор за броеви за мобилна телефонија со која доаѓа и одредена сума која може да се потроши за добивање бесплатни мобилни апарати..

Одлуката за набавка на прескапите телефони е потпишан пред десетина дена.

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE