Заев: Вучиќ ни понуди 8.000 вакцини од Фајзер, по набавна цена

заев вучиќ
Прочитај за: < 1 минута

Премиерот Зоран Заев соопшти дека најмалку 8.000 вакцини од производителот Фајзер Република Србија ги понудила за македонските граѓани.

-Со директна комуникација со српскиот претседател Александар Вучиќ се договоривме да добиеме од нивната набавка 8.000 фајзерови вакцини против ковид. Иако Вучиќ сакаше ова да биде донација, сепак се договориме да ги платиме по набавна цена, соопшти денеска премиерот Зоран Заев, додавајќи дека ова е среќна вест со оглед на тоа што испратиле писма и до други земји за помош околу вакцините.

-Многу сум благодарен од името на целиот македонски народ. Станува збор за сериозен чин на пријателство, Србија сака солидарно да сподели со јужниот сосед дел од вакцините кои ги има, објави премиерот Заев.

Деталите за набавката на Фајзер вакцините од Србија ќе ги договараат министрите за здравство, а Заев најави уште еден разговор со српската премиерка Ана Брнабиќ за тоа како и кога ќе биде испорачана понудената пратка од Србија.

Инфо >> Слободен печат

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE