АПАСИЕВ: Штом СДСМ ми посвети пресконференција, прилично се уплашени за откриената цена на шалчето

апасиев шалче
Прочитај за: 2 минути
Пратеникот од Левица Димитар Апасиев вели дека штом СДСМ за неговото поведение организирале прес конференција, тоа значело дека во партијата се прилично исплашени.
„Брат ми ми има кажуено, нив у војска им кажуеле, дека чим СДС на Нашата Земја, наместо соопштенија, почнува да ти посветува цели прес-конференции – е ондак значи се прилично упрпани за откриената пазарна цена на ШАЛЧЕТО на министерката, па пробуваат да дефокусираат, ко шо ги имаат учено на Сорос семинарите. p.s. Поздравете ми ја Богданка и “само јубоф, љуѓенца“, напиша синоќа Апасиев на својот фејсбук профил.
Претходно, на прес конференција, портпаролката на владејаќката СДСМ, постот на Апасиев, кој потоа го избришал, го нарече испрачање на скандалозна, екстремна и заканувачка порака.
Како што рече во пораката пишувало: „Децата крв ќе ви плукаат”, што е говор на омраза и е неприфатливо, особено оти доаѓа од претставник на народот во Собранието.

„За целиот период откако Левица е дел од Собранието, освен омраза, поделби, закани и популизам, не понудија ништо друго. Ниту еден единствен проект, ниту идеја, ниту предлог во интерес на граѓаните и државата. Самопромоција, со евтин популизам и ништо повеќе – и секогаш на линија со политиканството, блокадите, деструкциите на ВМРО ДПМНЕ. Исто како и ВМРО ДПМНЕ, со апсурдни амандмани се обидоа да ја блокираат финансиската поддршка на граѓаните и компаниите погодени од Ковид кризата, исто како ВМРО ДПМНЕ и Левица се противат на спроведување попис“, рече Кузеска.Инаку, Алсат пренесе дека пазарната цена на шалчето Гучи на министерката Царовска, чинело 300 евра.

Инфо >> Фактор

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE