Ангелов: Заврши времето кога безгрижно си кршев ќерамиди со глава

Прочитај за: < 1 минута

Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи, ги повика граѓаните да даваат конструктивни предлози за справување со кризата предизвикана од ковид-19.

„Заврши времето кога безмалку безгрижно си кршев ќерамиди со глава. Од синоќа раководам со Главниот штаб за управување со кризната состојба предизвикана од ковид-19. Заради поуспешна работа на Главниот штаб, покрај учеството на многуте стручни лица од различни институции, добредојдени се и сите ваши конструктивни идеи, забелешки, совети и критики кои може да ги напишете на ФБ страната на Центарот за управување со кризи“, напиша генералот Ангелов на Твитер.

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE