Home Политика Сашо: Кај нас на ТВ се занимаваат со артани и слични бандити....

Сашо: Кај нас на ТВ се занимаваат со артани и слични бандити. Во овој протекторат нема ништо да чуете за ужасот на Палестинците.

47
0

Уште еднаш за ова и никад више. Оти нас не болЕ МурО за ова. Ко шо не БолЕ и за се друго кога животот ни е загрозен. Ние излегуваме на улица само ако трчаме маратон, ви се моЛам..

А јас пак, пун Мурац книги имам прочитано за ова, зашто кај нас такви теми не отвораат по медиуми. Кај нас на ТВ се занимаваат со артани и слични бандити. Во овој протекторат нема ништо да чуете за ужасот на Палестинците.

Кризата на Блискиот Исток им е квантна физика. Они навиваат за оној за кој ќе им кажат ЕУ и САД. Нашиот народ не ја познава природата на настаните кои го вртат светот, а кои утре ќе доведат до глобално уништување.

Зашто идејата е да останете глупави. Да трчкате по маратони, за да не добиете рак на мозок од размислување.

Па гледам се тепаат по фејсбук, едни за Израелците, други за Палестинците.

Оние владини свински портали нејќам ни да ги коментирам. Еве предизвик и за говедана кои ја мерат вистината на фејсбук особено моите објави. Ајде да ве видам дилајли неопеани, дали зборувам вистина. Со искрено почитување што го имам кон израелскиот народ.

Газа е буквално кафез 75 години. Палестинците таму се потполно зависни од милоста на Израел. А Израел често нема милост кон нив. Им го ограничува движењето, слободите, лековите, ко за време на ковидот. Ги држи буквално во гето. Дваипол милиони Палестинци во простор дупло помал од Скопје. Сардини. 75 години живеат во војна, терор и беда. 65 проценти од младите над 20 години се невработени. Родени во деведесетите во подруми без струја, под ракетни удари, денес исто живеат така. Тоа се трауми.

Во 2014 година по бомбардирањето на Газа загинаа 600 деца кои лицемерите ООН и ЕУ не ги спомнаа. СаД па ич. За нив тие деца се невидливи. Како и оние 500 илјади ирачки деца кои умреа под санкциите. Завчера по рекетирање на,Газа загинаа 70 деца. Деца до десет години. Никој не ги спомнува. Од првата Интифада во 1988 загинале преку 10 илјади палестински деца.

Газа и Палестинците се космичка трагедија пред која Колективниот Запад мижи 75 години за љубов на Израел. Џабе сите резолуции на ООН. Тие треба итно да се распуштат. ЕУ го мрази ХАМАС кој денес е сериозна војска, која единствена ги штити Палестинците, заедно со Фатах.

Израел се посрамоти по упадот на ХАМАС. Им влегоа на моторчиња и параглајдери бе. Во папучи.

Ги нападнаа со преку 3000 ракети во исто време. Ја пробија нивната ракетна купола.
Шабах, Аман и Мосад, разузнавачките служби на Израел трокираа како во 1973 година, пред точно 50 години кога беа нападнати од Египет и сојузниците.

Ова е прв пораз на Израел по 50 години.
Се урна митот за нивната непобедливост.
Не ликувам и не навивам. Израел е државиште со неверојатно способен народ. Но згрешија со Палестина

Можеа да бидат две независни држави кои ќе соработуваат. Израелците избраа окупација и терор. Палестинците немаат веќе каде. Бесот наталожен 75 години пак избувна. Една нуклеарна сила како Израел потклекна пред неколку илјади разгневени Палестинци кои немаат веќе што да загубат
Ебати Западот и ООН и САД и ЕУ и сите тие лицемери. Пеколот ќе го качат горе.
И нема тука да запре ова. На ред е можеби Косово и секако Босна. А тука сме и ние, нели?

Ама ние сме појше за селфи на плажа или на шминкерски маратон. Што ни е гајле за друго.

Ама ќе ни биде ко ќе тропне Џаоло и на наша врата.