Home Политика ГОЛЕМ УСПЕХ НА ДОКТОР ЖАН МИТРЕВ: Успешно вградено вештачко срце, продолжен е...

ГОЛЕМ УСПЕХ НА ДОКТОР ЖАН МИТРЕВ: Успешно вградено вештачко срце, продолжен е животот на уште еден млад пациент

11
0

На Дејан Христовски – млад пациент во 40-тите години му е продолжен животот откако од д-р Жан Митрев заедно со тимот му беше вградено вештачко срце.
Механичка циркулаторна потпора или т.н. механичко срце кое се вградува до срцето ја подобрува функцијата и ја надополнува во оној дел каде не е функционално.
Кај Христовски е дијагностицирана тешка дилатативна кардиомиопатија која во последните неколку години особено се влоши и срцевата функција континуирано опаѓаше. Вештачкото срце, покрај класична трансплантација, претставува една од двете можни опции за пациенти кај кои не помагаат лекови, информираат од „Жан Митрев“.
Кај овие пациенти потребна е постоперативна обука за нив и за семејството за ракување со поставениот уред. Кај Христовски постоперативната обука поминала успешно и пациентот е пуштен дома.