Починатите по 1 април ќе влезат како живи во пописот

попис
Прочитај за: < 1 минута

Полноќ помеѓу 31 март и 1 април е критичниот момент за претстојниот попис, а тоа значи дека починатите граѓани и родените бебиња по овој критичен момент нема да влезат во статистиката, изјави директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, за Плусинфо.

Семејствата или блиските роднини ќе треба да дадат информации за починатиот член доколку тој починал по критичниот момент, но пред да пристигнат попишувачите во нивниот дом.

Ние имаме критичен момент и ја гледаме состојбата заклучно со тој датум. Ако лицето било живо до тој момент, но починало пред да пристигнат попишувачите, тогаш тоа лице ќе се брои и ние ќе земеме податоци за тој човек. Од друга страна, ако се роди дете по критичниот момент, тогаш тоа бебе нема да влезе во статистиката. Тоа се прави за да се утврди точната состојба до одреден датум. Тој момент е полноќ помеѓу 31 март и 1 април, па сите податоци се собираат само до тој ден. Кога ќе ве прашаме дали во текот на изминатата недела сте работеле за дополнителен хонорар, тогаш ние мислиме за последната недела од март, иако попишувачите можат да пристигнат во домот на 15 април, на пример – објаснува Симовски.

Целиот текст на Плусинфо.

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE