Бyчкoвcки пoтвpди: 3aeв пpифaќa зaeдничкa истopиja, a ги мeнyвa и yчeбницитe пo гeoгpaфиja и макeдoнcки

Прочитај за: < 1 минута

Не се менуваат само учебниците по историја, туку Владата за да и удоволи на Бугарија ќе ги менува и учебниците по географија и македонски јазик и литература. Ова го потврди специјалниот претставник на владата за Бугарија, Владо Бучковски во интервју за „360 степени“.

Бучковски на прашање како ќе се деблокира процесот и што бара Бугарија, потврди дека ќе се прифати, односно дека клучот е во заедничката историја, а нејзините измени ќе бидат внесени во учебниците на споменатите три предмети.

-Ние се што треба да направиме, а клучот е околу заедничката историја, но ние тоа во самиот договор сме и го оставиле на мултидисциплинарната историско-образовна комисија која мислам дека ќе има клучна улога во создавањето на амбиентот. Не да се форсираат решенија преку ноќ, туку да биде продуктивна, да отвора прашања онака како што е утврдена методологијата и во духот на европските вредности не само во обелоденување на усогласените текстови за заедничко чествување на личностите и настаните од заедничката историја, туку пред се, да се имплементираат во учебниците по историја, географија и литература, рече Бучковски за „360 степени“.

Бидејќи според Бучковски, ова ќе биде нешто што ние треба да го направиме, а како што вели дека заедничката историја ќе се имплементира во учебниците, значи дека од Владата веќе прифатиле дека македонскиот народ и јазик постојат од 1944 година.

Повеќе >> infomax.mk

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE