Мицкоски: Цела крими коалиција заедно со народот ќе ве победам

мицкоски, избори 21 јуни
Прочитај за: < 1 минута

Колку што време трошите на мене да ми наштетите, половина од тоа време да трошевте на работа, денес немаше да бидеме први по криминал и корупција на Балканот, хибриден режим и последни по раст на економијата и инвестициите, одговори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на изјавата на минисерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека многу се детски размислувањата на опозицијата, односно оградувањето на Мицкоски од Мијалков.

„Цела крими коалиција заедно со народот ќе ве победам и Да, знам дека ќе поткупувате, уценување, лажете, крадете, притискате, но и тоа овој пат нема да ви помогне… А после, ветувам дека нема ОЈО да ги доставува решенијата за притвор, туку како што е редот, судот“, напиша Мицкоски.


- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE