Нови, построги мерки ќе се разгледуваат на состанок на Комисијата за заразни болести кон крајот на неделава – брифираат извори за Телма.
Ова следува откако повеќе денови по ред процентот на позитивни од направени тестирања е висок, а вчера беше достигната и рекордна бројка на починати како последица од вирусот.
Здравството е мобилизирано, кадарот е ограничен, а со ротации и со надополнување се исполнуваат задачите секаде каде што има потреба. Од завчера во функција се ставени капацитети на интерните клиники во рамки на скопскиот Клинички центар под називот „Ковид-центри“.
Таму се примаат оние таканаречени „средно-тешки“ пациенти коишто имаат потреба од кислородна поддршка, а коишто се претходно најавени од страна на болниците од каде што се препраќаат.
ВО КОВИД ЦЕНТРИТЕ НА ИНТЕРНИТЕ КЛИНИКИ ВО ИЗМИНАТИВЕ 24 ЧАСА СЕ ПРИМЕНИ 17 ПАЦИЕНТИ ВО ЦЕНТАРОТ НА КЛИНИКАТА ЗА НЕВРОЛОГИЈА И 12 ВО ЦЕНТАРОТ НА КЛИНИКАТА ЗА КОЖНИ И ВЕНЕРИЧНИ БОЛЕСТИ. НА ИНСТИТУТОТ ЗА БЕЛОДРОБНИ ЗАБОЛУВАЊА И ТБЦ СЕ ХОСПИТАЛИЗРАНИ ВКУПНО 54 ПАЦИЕНТИ, ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО.
За да има ред во сите болници каде што се примаат и лекуваат болни од Ковид и за малку да се олесни работата на здравствените работници – ред ќе одржуваат војниците.
Наредбата ја потпиша Претседателот на државата Пендаровски и за истата информираше на петти ноември преку каналите за комуникација.
Повеќе >> Телма