Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас кажа дека процесот на проширување на Европската унија ќе оди многу тешко ако Северна Македонија и Бугарија не го решат билатералниот проблем, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со македонскиот колега Бујар Османи и бугарската колешка Екатерина Захариева за Берлинскиот процес.
„Ако еден од кандидатите има нерешени прашања, политички или проценка на историските настани во регионот, таа земја ќе мора да разговара со земјата членка со која што има проблем и да најде решение.
Формирањето на комисијата со историчари беше со задача да го реши тоа и се надевам дека ќе најде решение.
Но, додека постои проблемот ќе биде многу тешко да се организира процесот за проширување и одржувањето на меѓувладината конференција“, кажа Мас, чија земја е претседавач со Европскиот совет до крајот на годината.
Повеќе >> sdk.mk