Австрискиот новинар Кристијан Фердинанд на својот Фејсбук профил го објави нон-пејперот, што било договорено на средбата изминатата недела во Берлин меѓу министрите Никола Димитров, Бујар Османи и Екатерина Захариева, пренесува Слободен Печат.
Еве што пишува во него:
– Бугарија ќе ја одобри преговарачката рака за Македонија и ќе се согласи да се одржи првата меѓувладина конференција. во декември 2020 година.
– При одржување на прва меѓувладина конференција, Македонија официјално пред членките на Европската унија и институции ќе изјави дека краткото име, Северна Македонија се однесува исклучиво на политичкиот ентитет Република Северна Македонија.
– Бугарија го задржува правото, во унилатерална изјава која ќе биде анекс на преговарачката рамка, да објави дека македонски јазик го подразбира македонски јазик во согласност со Уставот на Северна Македонија.
-Бугарија и Македонија ја потврдуваат подготвеноста да ја интензивираат својата блиска билатерална соработка на темелите на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, со посебен акцент на работка на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, што треба да се интензивира и да станат потранспарентни, вклучително и со објавување на постигнатите резултати. Германија изразува подготвеност да ја поддржи работата на Комисијата со споделување на најдобрите практики за методите на работа.
Повеќе >> Слободен Печат