На денешното гостување на Радио Лидер, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски објасни кој е неговиот сон за Македонија и како ја гледа пошироката слика за Македонија.
По прашање од новинарот Златев, Николоски рече дека не влегол во политиката за да биде дневно популарен политичар и дека сака да остави нешто позади себе.
– Додека Зоран Заев се занимава со творски игри, јас размислувам како ВМРО-ДПМНЕ да понуди коцепт на ревизија на историските неправди, започна Николоски.
Тој кажа како ја гледа политиката и кој е неговиот сон на долгорочен план за Македонија.
– Јас размислувам како ние да направиме како еден човек да седне во центар во Скопје во железничка станица во воз и за час и половина да биде во Солун, потенцираше Николоски.
Видео >> Лидер