Мицкоски: Трагично, декадентно мизерно оро – не можев да поверувам што гледам

Прочитај за: 1 минута

Не можев да поверувам во она што го гледав вчера, на онаа песна која што ја компонирале. Па дури, и не можам на оние луѓе да им се изначудам на паметот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дополнувајќи дека е трагично, декадентно и мизерно орото од спортскиот центар „Борис Трајковски“, на кое се гледаат медицинските работници како играат и се веселат на новата песна од Александар Митевски и Драган Спасов – Дац.

-Предупредувавме дека ќе дојде до ова. Предупредувавме дека немаат план, дека не знаат што прават и дека она што беше подготвено да се случи во декември го најавуваа за во јануари, тоа што беше за јануари се правдаа за февруари, па потоа некој друг им беше виновен кога живи ги фативме како бркаат провизии наместо да обезбедат вакцини. Но, за тоа ќе зборуваме после велигденските празници, рече Мицкоски.

Вели дека сме на врвот според неспособноста за справување со пандемијата во Европа.

-Јас не очекувам од овие луѓе дека нешто ќе сменат, освен онаа песна што ја слушнав и она трагично, декадентно, мизерно оро кое што луѓето кои што треба да ја прават имунизацијата, под налог на нивниот наредбодавач го вртеа во СЦ Борис Трајковски. Се срамам што сум дел од ова политичко мочуриште, но тоа е единствениот начин како овие луѓе да се поразат и да се пратат на темната страна на историјата бидејќи за жал, ќе треба да ги поразиме сите заедно, а потоа да одговараат. Не можев да поверувам во она што го гледав вчера, на онаа песна која што компонирале. Па дури, и не можам на оние луѓе кои што ја компонирале да им се изначудам на паметот. А оној срам кој што го правеа оние здравствени работници мислам дека не заслужува никаков коментар, рече Мицкоски додавајќи дека целата ситуција е дно.

Извор: Слободен Печат

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE