АФЕРА ДАНОК!?! РУСКА МАФИЈА! СКОПСКО ПАРНО! СТРУМИЧКИ КЛЕПТОМАНИ!
Во Руската Федерација е објавена е информација дека Надежда Пинигина генералниот директор на ТГК-2 е притворена и обвинета за ПРИКРИВАЊЕ НА СРЕДСТВА НА ЧИЈА СМЕТКА ТРЕБА ДА СЕ ИЗВРШИ НАПЛАТА НА ДАНОЦИ И ТАКСИ, ИЗВРШЕНИ ВО ОСОБЕНО ГОЛЕМИ РАЗМЕРИ. Проценетата штета е 350 милиони рубљи! ПИНИГИНА е бизнис партнерка на ЗОРАН ЗАЕВ во огромен грабеж на пари од Буџетот на Македонија…
За АФЕРАТА ДАНОК во која е замешан премиерот Заев, кој во време на најстроги карантини и затворени држави наместо да договара вакцини, договарал провизии со ТГК -2, а за таа цел и ветувал промена на закони во Македонија на генералната директорка на ТГК -2 Надежда Пинигина и простување на данок на добивка во висина од околу 14 милиони евра преку УЈП. Тие документи веќе ги објавија оштетени акционери во Топлификација АД Скопје во стечај, делумно објавив и јас.
Постојат и документи за незаконско доделување на државна помош на компанијата ТЕ ТО АД Скопје која е во сопственост на ТГК -2 со одлуки на Владата на Република Северна Македонија во 2019 година, а со тоа и директна помош оваа компанија да отиде во лажен стечај и да оствари добивки од околу 150 милиони евра на штета на домашна компанија и граѓаните на Скопје! Со оглед на тоа што и претходното раководство на ТГК – 2 предводено од Андреј Корољев издржува затворски казни за корупција и перење на пари, можеме да заклучиме дека во Руската федерација владее правото и законите, а злоупотребата на службена должност се казнува и добива разрешници, значи бројчаникот во Руската Федерација врти!
Во Република Македонија бројчаникот за наплатени средства во буџетот е закочен, а врти фамилијарниот бројчаник на СТРУМИЧКИТЕ КЛЕПТОМАНИ, Зоран, Вице и Трајче Заеви, како и за СВАТОТ Ванчо Чифлиганац. ХЏИМИШЕВ, генералниот директор на Топлификација исто така Струмичанец, се среќаваше со оваа госпоѓа на тајни средби, а како резултат на тие средби ја доведе Топлификација АД Скопје во стечај.
Записник од разговорите на овие средби нема, ама има пропаганда преку оштетени акционери во Топлификација АД Скопје колку сакаш.
Зоран Заев, заедно со браќата Вице и Трајче, создадоа општество на омраза, неправда, газење луѓе и идентитет, неодговорност и меѓународно амнестирана корупција за архитектите на хаосот! Скопското парно, СТРУМОКИТЕ КЛЕПТОМАНИ најдиректно и дрско му го доверија на Руската Мафија!