Нека разберат дека нема сила пред која ќе попуштиме, ЕУ не е Југославија

Захариева
Прочитај за: 2 минути

Министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи вчера беше на средба со бугарската министерка Екатерина Захариева, а таа утрово гостуваше на БТВ. При гостувањето Захариева рече дека зборувале за идните средби на историската комисија и за тоа дека мора да се работи на нерешените прашања меѓу двете земји. Беше категорична дека ниту една земја членка на Европската Унија, ниту пак Соединетите американски држави ниту досега ниту во иднина не смее да и каже и да ја притисне Бугарија да попушти и да дозволи пристапни разговори за Македонија со ЕУ, ако тоа не го одлучи самата Бугарија.

„Тие треба да разберат дека Европската Унија не функционира како Југославија. Никој не може нас да ни наложи што да правиме во Унијата, рече Захариева.

Официјално беше исто така соопштено дека Османи и Захариева разговарале за „секторската соработка и подготовките за одржување на состанокот на меѓувладината комисија како инструмент кој произлегува од Договор за добрососедство веднаш по усогласување на акцискиот план за секторска соработка.

Зборувајќи во врска со повикот на претседателот Румен Радев да ги брани интересите на бугарските граѓани во РСМ, таа рече дека доколку шефот на државата можеби не знае, но бугарските власти секогаш реагирале во одбранана Бугарите.

„Ние реагираме во одбрана на луѓето со бугарска самосвест таму кои се предмет на малтретирање или дискриминација. Дејствуваме секојдневно и на секој сигнал, не ја работиме својата работа само со соопштенија за печат. Јас и лично реагирам, праќаме демарш, па институциите во Македонија реагираат. Иако вистина е, од пред неколку месеци македонските власти започнаа да реагираат, но не можеме секогаш да ги потсетуваме. РСМ треба да ги штити правата на сите свои граѓани, вклучително и оние со бугарска самосвест, рече Захариева.

Повеќе >> Фактор

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE