Јас лично се уште не сум вклучен во ИО за вонреден Конгрес. Немам информации колку делегати има. Амбициите на секој еден член на ВМРО-ДПМНЕ и кој што мисли дека може да направи подобро за партијата, мислам дека треба да направи програма и да и помогне на партијата.
-Мојот начин на работа и стил не е деструктивност, јас доаѓам од бизнис секторот, не сме учени да навредуваме, ниту да бидеме насилни. Сегашното раководство го употреби против мене тоа кога излегов на Собраниска говорница и кога кажав дека ако Заев го нема требаше да го измислиме, дека е флесибилен и добар човек кој знае да прави компромиси во политиката. Јас уште стојам на тоа што го кажав – флексибилност во политиката и подговотвеност за компромис и тоа како е потребна, изјави во Утрински брифинг, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
-Мојата крајна цел не е само да се земе партијата и да се води – она што го зборев вчера ќе го кажам и денес – закрвувањето помеѓу македонскиот народ, вокабуларот мафијаши и криминалци, мислам дека треба да прекине и да не биде тема на политичките партии, туку си има судови и органи кои треба да се занимаваат со тоа. Не сум за предвремени парламентарни избори. Не за да ја штитам власта, туку за да ја заштитам државата – државата нема веќе капацитети и можности да ги одржува овие предвремени парламентарни избори. Што ќе постигнеме со нив? Да треба компромис и разговор, повеќе сум за широка коалиција после локалните, со некакво поразумно раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Не е битно кој ќе ја води државата, туку е битно тоа да е транспарентно и објективно, вели Јанчев.
Повеќе >> Слободен Печат