„Во врска со препораките на Владата за преземање на мерки за расчистување на поголеми групи на луѓе јавни простори, како една од мерките за справување со корона вирусот, СВР Скопје презеде мерки за расчистување на поголема група на млади на Водно“, соопшти МВР доцна вечерва.
„Уште еднаш апелираме до младите да ги почитуваат мерките на владата“, стои во соопштението на МВР.
Претходно, порталот А1он објави дека со носењето на мерките од Владата за затворање на угостителските објекти во 18 часот, забавите и дружењето се премести на Водно. 40 возила со по неколку лица во нив, вечерта ја минуваат на паркингот пред жичарата, како и по патот кон Водно.
Присутните слушаа музика, а дружењето на некои од нив е пропратено и со пијалоци, како што тоа се правеше пред 20 години. Дел од нив велеа дека ситуацијата со коронавирусот не ги плаши, како и дека внимаваат.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=39&v=HDm35wctB4M&feature=emb_logo