Вкупната бројка на заболени од коронавирус во земјава досега изнесува 12, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција во Владата.
– Една е од Скопје, седум се од Дебар и меѓу нив се првите двајца сопружници, три и плус двајца од втората група и четворица кои сега ги очекуваме од Дебар да стасаат .Една пациентка од Дебар на која и се влоши состојбата е ставена на респиратор. Пацинетката која беше првосзаболена во понеделник се пушта дома -рече Филипче.
Тој рече дека во моментов се очекувааат новоинфицираните 4 лица од Дебар да стигнат во инфективната клиника во Скопје.
– Во новоинфицираните има и 15 годишно момче од Дебар. Седум лица се тестираатво моментов. Шест се од Дебар од нив 4 имале директен контакт со заболените. Брисеви се земени и од други лица. Уште едно лице странски државјанин преку ценатрот за здравеј во Битола се тестира .Има уште двајца пациетоит кои се јавиле поради зголемена температура и биле во Шпанија. Тие ќе бидат тестирани – соопшти Филипче.
Тој рече дека во Дебар се организирана болницата со засилен тим на лекари и со изолирано одделение во кое ќе бидат примани сите граѓани кои ќе имаат симптоми за грип. Сите други лекари се во целосна подготвеност. Итните случаи исто како и до сега со специјална дозвола ќе бидат препраќани во Скопје или Струга.
Филипче информира и дека е договорен начинот на снабдување на апртеките во кризниот регион.
„Јас денес ќе побарам целосно да се зтворат моловите. Имаме претпоставка дека тоа се места со голем ризик од ширење на инфекцијата“, рече министерот Филипче.
Синоќа на терен биле излезени инспекторите од Државниот пазарен инспекторат кои утврдиле дека генерално кафулињата и рестораните ја почитувале мерката за скратено работно време и ги затвориле локалите во 18 часот.
Министерот Филипче извести дека на состаноците посебно станало збор за пекарите, на кои им е дозволено да работат но не и да послужуваат во локалите.
„Апелирам пекарите да се ограничат, доколку е можно,само на шалтерско работење, да нема влегување во просториите“, рече министерот Филипче.