Министерто за здравство Венко Филипче гостуваше во студиото на Нова ТВ, каде меѓудругото, говореше за состојбата на пацинетите кои се позитивни на корнавирусот, каде рече дека ги контактирале и пензионирате доктори кои се во можност да помогнат за новонастанатата состојба.
Во Португалија се повикани пензионираните лекари да помогнат на пациентите, Филипче ги повикал и нашите искусни доктори.
-Тоа се инфектолози, 7-8 на број, дел од нив се пензионирани изминатаве година – две. Тоа се луѓе во добра психофизичка сотојба и се волни да се приклучат на кадарот. Така, да не се плашиме во однос на кадарот, на Инфективна се направи прераспределба на кадарот, бидејќи може да се случи и медицинскиот кадар да се разболи- рече Филипче.
Во однод на пикот на вирусот и кога тоа и дали ќе се случи, Филипе рече дека тоа никој не го знае.
-Многу е тешко да се даде некоја таква процентка за било која земја, вклучувајќи ја и нашата. Фазите се знаат, кога се појавуа нова епидемија, најпрво е фаза на откривање, па на истражување, па дијагностицирање. Радикалните мерки во Италија веќе придонесуваат да се намали бројот на заразени- вели Филипче.