Коалицијата АА/А со барање: За случаите како „Монструм“ да има судии и обвинители од ЕУ

Прочитај за: < 1 минута

Ја повикуваме Европската Унија (ЕУ) и нејзините земји-членки како Германија, Франција и Холандија, ургентно да донесат тим на судии и обвинители кои уште еднаш ќе ги отвораат „сите монтирани политички процеси”, бидејќи граѓаните мора да почнат да веруваат во институциите што делат правда, истакна на денешната прес-конференција претседателот на Алијансата за Албанците (АА), Зијадин Села.

– Да се отворат сите монтирани политички случаи, почнувајќи од „Монструм”, „Алфа”, па сè до „27 април”. Но, да се отворат и сите предмети од осамостојувањето на Република Северна Македонија за кои има политичка амнестија, за сите корумпирани политичари да одговараат и да завршат таму каде што треба.

Тоа е единствен начин како ние треба да почнеме да градиме правна држава. Нè водат и со нас владеат лажговци, а не одговорни политичари. Вчерашната одлука беше скандалозна и втора епизода на монтираниот политички процес „Монструм”, рече Села.

Тој изјави дека премиерот Зоран Заев тврдел оти „невини луѓе лежат во затвор во врска со Монструм” и дека вистината за случајот е многу болна.

Повеќе >> Слободен Печат

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE