Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на годишнината од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев, вели дека револуционерот, според вредностите за кои се залагал, денеска би бил прогласен за антизападен од актуелната власт.
„Ако Гоце Делчев денес беше жив, сигурно ќе беше прогласен за антизападен, ќе беше скандализиран, омаловажуван. Зошто? Затоа што тој е сѐ што денешната власт не е. Огледало на нивниот недостаток на морал, недостаток на патриотизам и љубов кон Македонија.
Затоа од неговото име се плашат и денес. Затоа што Делчев пред сѐ е љубов, патриотизам, пркос, слобода. Тој е најдобриот син на Македонија! 4 мај не е крајот, туку почетокот на живата легенда, но и завет за Македонија! Слава му!“, напиша Мицкоски.
Делчев како револуционерен деец загина на 4 мај 1903.