„Фајзер“ потврди! Македонија ги добива првите вакцини во февруари

вакцина ковид
Прочитај за: < 1 минута

Република Северна Македонија во февруари ги добива првите дози на „Фајзер“ вакцината. Денеска попладне е постигнат директен договор со компанијата а количина ќе биде позната во текот на следните недели.

Следните дози од вакцината на „Фајзер“ ќе пристигнат во март и април, велат од министерството за здравствто.

Продолжува разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ како и преку Ковкакс механизмот од каде се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини.

Ова е одлична вест за сите граѓани и прв чекор кон конечна победа над пандемијата – стои во соопштението.

Министерството информира дека во јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата.

Извор: Плус Инфо

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE