Македонија за прв пат се пласираше на Европско првенство во фудбал, а веднаш по натпреварот следуваше и легендарниот говор на новинарот Тони Стојановски во преносот во живо.
Тогаш тој од душа зборуваше:
“Кога нè оспоруваат: и име.. и презиме.. и нација.. и ген… eве нè во Европа! Меѓу сите тие што ги описменивме. Ќе нè дочекаат наредниот јуни, ќе ја поздрават нашата репрезентација. Ќе стојат мирно на нашата химна!
Ова е порака од сите: православни христијани, Македонци, Албанци, Турци што играат за оваа репрезентација: Дека нашата држава треба да ја чуваат тие што ja водат – и едните, и другите, и третите и четвртите! Ова е голема победа за Македонија! Ова е победа за радост на душата. Да цитирам зборови од нашата поезија:
СЕГА ДУШАТА СЕ РАДУВА…! ОВАА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЖИВЕЕ! ЌЕ ЖИВЕЕ УШТЕ !!!” – истакна коментаторот.
Фудбалската Федерација на Македонија тоа не го заборави, па го повика Тони во Куќата на фудбалот, каде му направија големо изненадување.
За што станува збор, погледнете во видеото каде го пречека претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
Извор: region.mk