Јовановски: Ако сака да толкува историја, на Георгиевски да му се даде шанса да ја раскаже и онаа за продажбта на ОКТА

Прочитај за: < 1 минута

Не стивнуваат реакциите по контроверзните предлози на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски за разрешување на македонско бугарскиот спор.

Откако првично реагираа бројни јавни личности, од неговите тези се огради и СДСМ, нарекувајќи ги лични ставови, вчера Георгиевски во телевизиска дебата на ТВ 24 со Петар Богојески, се опиша себе си како личност кој секогаш кршела табуа во македонската политика, потенцирајќи дека за неговиот предлог бил мотивиран од, како што реше, опасноста да изгубиме нови 20 годин и во односите со Бугарија.

Меѓу оние кои реагираа на наводите на Георгиевски е и Зоран Јовановски, поранешен потпретседател на СДСМ, кој сега воопшто не е активен во политиката.

Тој вели дека ако сака да ја толкува историјата, Георгиевски треба да ја раскаже и онаа која се однесува на продажбата на рафинеријата ОКТА.

„Нема да мрднеме напред како општество додека не почнеме работите да ги кажуваме отворено и директно. Еве на пример, Љубчо Георгиевски и понатаму мртов ладен ни кажува што треба да правиме, ни ја толкува историјата… Не е тој крив што досега не му е дадена шанса да ја раскаже историјата за договорот со ОКТА“, напиша Зоран Јовановски на својот фејсбук профил.


- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE