Работеле-не работеле, патните трошоци на пратениците за 5 месеци стасаа до 120.000 евра

3 милиони
Прочитај за: 2 минути

Од 120 пратеници во Собранието, 75-мина од нив зеле вкупно 122.000 евра надомест за патни трошоци од конституирањето во август лани, до први февруари годинава.

Овој пратенички состав поради пандемијата, но и поради потешкотиите со обезбедување кворум од тесното владејачко мнозинство, не работи како што треба. Седниците и носењето закони се реткост. Сепак и со ова споро темпо, податоците од првото полугодие во однос на пресметаните патни трошоци, говорат дека сумата до крајот на мандатот на овој пратенички состав ќе стигне до милион евра, како впрочем и во претходните парламентарни состави.

Најдобар старт во прокнижени патни трошоци за 5 месеци има Дајанчо Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ, од Василево, кој од Собранието подигнал 4.870 евра под оваа ставка. Веднаш до него е колегата Сурија Рашиди од струшкото село Радолишта, од партијата Алијанса за Албанците, со надомест од 4.777 евра.

За истиот период, Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ кој доаѓа од Прилеп, зел 4.092 евра. Натаму, по надолен редослед доаѓа неговата сопартијка Јадранка Поцкова од Струмица, со пресметани 3.968 евра за патни трошоци.

На листата, според податоците што ги доби САКАМДАКАЖАМ.МК од Собранието по Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, следи пратеничката од ДУИ Арбана Пашоли од Дебар, која до први февруари наплатила 2.633 евра за трошоци за патување. Следи Ангелина Петкова од Гевгелија од ВМРО-ДПМНЕ, со земени 3.538 евра за патни трошоци со свое возило. Под неа е социјалдемократката Соња Михаиловска од Делчево со 300 евра помалку. Нејзиниот колега од СДСМ Панчо Минов со сумата е тука некаде со Михаиловска, со подигнати 3.189 евра за истиот период.

Пратеничката Драгица Ѓавочанова од СДСМ од Гевгелија наплатила 3.018 евра, а сопартијката од Ресен Бети Рабаџиевска-Наумовска, 2.791 евро надомест за направените патни трошоци за до Собрание и назад.

Лолита Ристова од СДСМ за трошоци за патување од Неготино подигнала 2.387 евра, а со сумата тука некаде е и сопартијката Жаклина Лазаревска од Охрид, која наплатила 2.369 евра.

Зоранчо Јованчев од ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци, зел 2.568 евра. Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ, која доаѓа од Гостивар, наплатила 2.435 евра.

Повеќе >> sdk.mk

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE