Груби: Владата ќе субвенционира приватни компании кои ќе вработат Албанци

Прочитај за: < 1 минута

Владата ќе субвенционира приватни компании кои ќе вработат Албанци или граѓани од другите помали етнички заедници, најави првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби во емисијата Клик Плус на ТВ21.

Груби додаде дека оваа мерка во Влада ќе се разгледува во следниот период.

– Доколку приватни компании вработуваат Албанци или граѓани од другите помали етнички заедници ќе ја разгледаме можноста да ги субвенционираме овие компании. Сите компании кои ќе ја запазат правичната застапеност ќе бидат помогнати од владата – потенцираше првиот вицепремиер.

SHARE