Kлетников: За Гоце Делчев има 300 аргументи дека нема врска со Бугарија

Прочитај за: < 1 минута

За Гоце Делчев има 300 аргументи дека нема врска со Бугарија, вели Ефтим Клетников од „Македонски Манифест“ во интервју за Алфа.

Вели дека Гоце Делчев јасно вели дека кој мисли дека Македонија треба да е со Грција, тој е лош Македонец, добар Македонец е тој што е за автономна Македонија.

„И уште еден податок многу важен, со Гоце одел во четата најголемиот бугарски поет Пејо Јаворов, а тој единствено од Бугарите бил заљубен во македонизмот, кои денешните Бугари сакаат да го ништат. И тој одел во четата на Гоце и водел дневник за Гоце Делчев. И на едно место во тој дневник тој го цитира Гоце каде што вели – „Ќе огрее и над Македонија сонце, но нема да биде бугарско“. Само тоа доволно е да им се каже на Бугарите“, вели Клетников.

Спорот околу Делчев деновиве е многу актуелен.

На оваа тема повеќе бугарски професори го кажаа својот став.

Предлогот на Драги Ѓоргиев за паралелни гледишта за Делчев е апсурден, вели бугарскиот професор Кирил Топалов.
Тој вели дека со ова Бугарија се става пред свршен чин.

Додава дека Македонија сака да добие зелено светло за преговори со Европската Унија, но позицијата на Македонија е иста.

Гоце Делчев е и Македонец и Бугарин – тој е Македонец во регионална смисла и Бугарин во национална смисла, изјави потпретседателот на Мешовитиот комитет на историски и образовни прашања со Република Северна Македонија Доц. проф. Наум Кајчев.

Извор: Фактор

SHARE