Гордана Силјановска за Заев: Ем најшут, ем најрогат, ем најпопуларен

Прочитај за: < 1 минута

Заев тврди дека бил прв меѓу еднаквите во битката со режимот, попозната како „Шарена револуција“. Ако своите соборци ги нарекува шути и рогати, тој бил најшутиот и најрогатиот меѓу нив, напиша на Фејсбук Гордана Силјановска Давкова, носителка на листата на 1 изборна единица за „бомбата“ во која лидерот на СДСМ зборува дека „ќе им ебе мамата и на „шарените“ и на цела коалиција“.

– Сега ми е јасно зошто го предложија Викингов од југов, погрешно наречен север, за Нобелова награда за мир! Ама, вистинските северњаци го прочитаа. Како може Југ да биде Север? По ова, Заев почна да снима акциони филмови за Дивиот запад, од типот „ Добар, грд, лош“. Мила и Димитров ги гледаат во изборен пар, од кола, а Рада ја коментира Заевата „неприкосновена“ популарност кај Северџаните, навестувајќи нови успешни улоги- бомби, напиша Силјановска- Давкова.

SHARE