– Амбасадорот на САД, Кристофер Хил дојде во 1999-та и ме замоли како премиер да го сменам шефот на воено разузнавање, Сашо Мијалков затоа што го фативме како шверца оружје за Србија која беше под светско ембарго за увоз на оружје. И морав да го сменам, мислам дека и Кљусев бил вклучен во сето тоа. Во ист тој период исчезна и опрема за прислушкување во воено разузнавање, сега мислам дека Сашо го има изнесено од министерство и однесено во некој стан, така сведочи Палевски кај вас, можеби тоа е точно. После 2 години, во 2001-ва, Груевски како министер за финансии ме замоли да го примиме во влада на работа Сашо Мијалков затоа што бил без работа и немале дома леб да јадат, и го примивме, го ставивме таму некаков советник. Е денеска тој човек е најбогат во земјава…
Љубчо Георгиевски во емисијата Во Центар.
Извор: Мактел