Филипче соопшти: Почина 66-годишна жена, третата жртва во Македонија од коронавирус

Прочитај за: < 1 минута

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес -конференција истакна дека денеска починала уште една заболена од корона вирусот. Станува збор за 66-годишната пациентка од Дебар.

-Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1), рече Филипче.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.

SHARE