Петмина лекари од Кожната клиника заболени од коронавирусот

Прочитај за: < 1 минута

Петмина од новозаболените од корона вирусот се вработени од Кожната клиника, рече министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес -конференција.

-После 16 дена поминати во изолација без никакви симптоми на тестовите имаат позитивен резултат. Тоа се колеги, тие се во добра здравствена состојба. Тие ќе продолжат да бидат во изолација, рече Филипче, додавајќи дека со нив биле тестирани уште 30 здравствени работници од клиниката, чии тестови биле негативни.

Тој потсети дека според последните податоци од изминатите 24 часа се регистрирани 29 новозаболени, меѓу кои и петмината лекари, кои биле во добра здравствена состојба.

Филипче истакна и дека кај четворица од пациентите на Инфективната клиника повторените тестови покажале дека се негативни на корона вирусот, а кај тројца состојбата била многу подобрена.

SHARE