Честопати ме прашуваат што прави опозицијата во пандемијата. Опозицијата лаже и опструиура. Кревети и кислород има затоа што макотрпно работиме да ги обезбедиме. Повели на Клиниката за уво, нос и грло на пример, најновото спремно Ковид одделение. Срамни лаги од лидер на партија, напиша министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи, по повод обвинувањата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Честопати мене ми велат: Добро еве критикувате, вие што ќе понудите? И наједноставен одговор на тоа прашање е: Кревети нема, кислород нема, погледнете во болницата во Битола паравани нема помеѓу луѓето што го загубиле животот и оние што примаат инфузија. Нема одговорност!“, напиша Мицкоски на Твитер.
Филипче го повика Мицкоски на Клиниката за уво, нос и грло на пример, најновото спремно Ковид одделение, за да се увери.
Извор: Нова ТВ