Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен македонски премиер, Љубчо Георгиевски во интервјуто на ТВ 24 дебатираше за македонско-бугарските односи и интервјуто кое премиерот Зоран Заев го даде за бугарската агенција БГНЕС.
Во текот на интервјуто Љубчо Георгиевски помалку налутено и изненадено, рече дека ќе почне да ги објавува со име и презиме сите функционерите на ВМРО кои сега плукаат по ставовите на Зоран Заев, што тие во минатото изјавувале за Бугарија и тоа го правеле во негово присуство.
Георгиевски, како што самиот признава во интервјуто, е изненаден од ставовите на некои функционери на ВМРО ДПМНЕ и од нивната дволичност, бидејќи тие, во негово присуство ги истакнувале нивните симпатии кон Бугарија, нивни семејни врски или потекло, како и заедничката историја со Бугарија.
Јас ќе ве потсетам на поранешниот министер за надворешни работи од ВМРО ДПМНЕ, кој својата кариера ја изгради со помош на Доста Димовска и кој во ниту една прилика не пропушташе да ги спомене своите чувства кон Бугарија. Сега тој зборува против Бугарија, рече Георгиевски.
Јас сум запрепастен од поранешната сопруга на еден претседател на ВМРО Народна партија, која најмалку четири пати во мое присуство зборувала за заедничката историја меѓу Бугарија и Македонија. Сега гледам го напаѓa Заев и не ми се верува, вели Љубчо Георгиевски.
Повеќе >> Во Центар