Вчера се појавија првите „искричења“ меѓу пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Игор Јанушев и Димитар Апасиев.
Игор Јанушев ги обвини двајцата пратеници од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, дека им прават кворум на владеачките партии:
„Раката не можеме да ја исечеме, зошто е потребна за шкртање статуси по фб, додека дремеме во Собрание за правење кворум на лица кои мократ на демократија.
Висиме заедно во Собрание, но додека ние спречуваме штетни закони, некои се неми набљудувачи, фејсбук патриоти.“
Тој постави и фотографии од собраниската сала:
На ова не остана должен Димитар Апасиев, лидерот на Левица, кој му одговори на Јанушев дека владеачките партии го имале потребното мнозинство и истовремено ја обвини како што ги нарече, ДПМНЕ, за калкулантскиот однос кон неставањето на дневен ред на декларацијата на Левица за Бугарија:
„Денешниот мој протест против злоупотребата на Деловникот од страна на собранискиот спикер Талат Џафери кој злонамерно и тенденциозно не става ниту една предложена точка на дневен ред од страна на опозицијата!
p.s. Е поради ова, оваа квис-линшка власт ќе биде соборена. Се гледаме вечер на протести! Оти, сама се дига фуријата.
p.p.s. По ова, нашите пратеници ја напуштија салата и не учествуваа во работата на седницата. А ДПМНЕ – иако знаеше дека мнозинството има обезбедено 61 пратеник – воопшто не ни влезе на мегданот, иако имаше сто процедурални можности за одолговлекување!? Тешко на оваа држава со ваква килава опозиција“, напиша Димитар Апасиев.
Дали и дефинитивно, фер односот помеѓу двете опозициски партии завршува? Околу оваа дилема, денес пишува и новинарката Јорданка Ивановска Јоци:
„Пука тиквата, конфликт во десницата – ,,кутлешите” против ,,Ленин”
Вмровци, пропагандно, со години, им градеа медиумски имиџ на ,,Левица” и Апасиев, а сега – откако ги ,,пораснаа” децава, а овие им украдоа два пратеника, и тоа во ИЕ 1 и 3 – вмровци буквално збеснаа и не знаеја што да им прават!
Повеќе >> joci.mk