Фејсбук лаже!?
Фејсбук ги избриша нотификациите на кои беше запишано дека „Џо Бајден е проектиран победник на изборите во САД 2020 година.“
По завршување на гласањето сите постови објавени на Фесјбук од Претседателот на САД, Доналд Трамп, беа пропратени со дополнителна нотификација дека Џо Бајден е новиот Претседател на САД 2020 година, како еден вид потсетување до следбениците дека што год да пише Доналд Трамп, за Фејсбук Џо Бајден е новоизбраниот Претседател и со тоа шири влијание за недоверба кон постовите и објавите на Трамп со цел негови поддржувачи да се откажат од уверувањата дека може нешто да се промени во изборнот процес.
Иако сите мејнстрим медиуми приврзоци на демократите како CNN, Вашингтон Пост, Њу Јорк Тајмс и други пропагандни медиуму го лажеа американскиот народ дека изборите во САД се звршени со веќе одлучен победник, Претседателот Доналд Трамп изборниот резултат не го призна, гласовите на Џо Бајден ги смета за нелегитимни и вложи илјадници приговори и тужби во државите каде Трамп имаше убедливо водство пред Бајден се до моментот до броење на гласачките ливчиња пристигнати неколку денови потоа по пошта.
Неговата правна битка да ја докаже една од најголемите измами и нерегуларности во историјата на САД полека се ближи кон Врховниот суд на САД како највисоко и одлучувачко тело, а каде соодносот на судиите е во корист на конзервативците.
Во меѓувреме Фејсбук се пишмани, ја избриша нотификацијата дека Џо Бајден е избран Претседател на САД за 2020 година, и наместо тоа, објави друга нотификација, исто така под секој пост на Трамп дека, „САД има закони, правила и институции кои ќе обезбедат интегритет на изборниот процес.“
Фејсбук не даде објаснување на што се должи таа промена, но имајќи предвид дека Фејсбук е најголем медиум и поддржувач на Џо Бајден, оваа порака може да се толкува како обид да се влијае и на Врховниот суд, дека институциите кои одлучувале по тужбите на локално ниво, донеле законити одлуки.
Уредувачкиот тим на Македонски Весник смета дека овие избори ќе бидат запаметени како најнерегуларни и сомнителни, кои силно влијаат на интегритетот и легитимитетот на идниот Претседателот, кој и да биде.
Бројот на добиени гласови за Џо Бајден е повеќе од сомнителен, особено ако се има предвид дека тој е човек во залезот на својата политичка кариера, пропратен со низа скандали и сомнежи за педофилски испади со видео материјал, татко на син наркоман поврзан со сомнителни и коруптивни наплати на провизии од фирма за енергетика од Украина и Кина и таков кандидат освои историски највисоки 80 милиони гласови што е з 10.5 милиони гласови од Барак Обама кој во 2008 година беше избран како победник скоро во сите сојузни држави, без ниту еден скандал и најомилен кај Демократите со вкупен број од 69.5 милиони гласови!