Јас бев војник во Штип. Цело време бевме убедувани дека мора да се бориме против Бугарија, дека таа може да нè нападне во секој момент. Не ни рекоа да се пазиме од Грците, Албанците, Американците или од Русите. Само од Бугарија. Ни беше кажано како да се однесуваме, како да ги закопчуваме кошулите, предупредувајќи нè дека има бугарски агенти кои само чекаат да снимаат пијани југословенски војници како дел од оваа пропаганда, што беше достапна дури и во училиштата, вели поранешниот премиер и претседател на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски во своето гостување во БГНЕС, пренесува Плус инфо
Тој вели дека проблем е што откако дојде демократијата, ние, за жал, не сторивме ништо. Ниту промена во терминологијата ниту промена во историските перцепции.
– И сега, кога Заев рече неколку работи на БГНЕС за оваа заедничка историја, поголемиот дел од македонското општество е шокиран. Шокиран е затоа што се наоѓаме во еден вид воена состојба, во која група политичари, вклучително и јас, Заев, Пендаровски, Владо Бучковски, поранешниот министер за надворешни работи Денко Малевски, сме дел од политичарите кои се попрогресивни и инсистираат историчарите да разговараат и да истражуваат. Сепак, историчарите цврсто се фатиле во корупките на поранешните југословенски шеми и не излегуваат од нив. И ова е реалноста – додава Георгиевски.
Историчарите не ја откриваат вистината за Југославија
– Ако ја погледнеме македонската историографија во последните 30 години, има табуа на темите од македонската историја, многу малку од нив се отвораат. Не отвораме теми поврзани со поранешна Југославија или со комунизамот. Ние ретко отвораме теми дури и поврзани со нашите жртви. 80 членови на управата на АСНОМ биле во затвор. Каков е нашиот став за ова прашање? Јас дури и не знам дали сите луѓе биле искрено рехабилитирани. Знам дека првиот претседател Методи Андонов – Ченто беше официјално рехабилитиран, но исто така знам дека има голема група на луѓе кои не се. Жртвите на комунизмот – ова е тема што се дискутира во земјите низ источна Европа – рече претседателот на ВМРО-НП.
Повеќе >> Либертас