ОТВОРЕНА ПРЕДИСТРАГА ЗА ДВАЈЦА ВИНИЧАНИ И ПРИВАТНА АМБУЛАНТА ЗА ТЕСТИРАЊА ЗА КОРОНАВИРУС СО ТЕСТОВИ ЗА БРЕМЕНОСТ

корона тест бременост
Прочитај за: < 1 минута

Обвинителството на Кочани по допрен глас оформил предмет за две лица од Виница и една приватна здравствена установа од градот за лажни тестови за коронавирус кои со измама им ги правеле на виничани одејќи им по дома. Во моментов се чекаат резултати од вештачењето, а предметот се работи по брза постапка, ни рекоа од Јавното обвинителство на РСМ.

Двете лица и приватната здравствена установа се осомничени по член 210-а од Кривичниот законик за незаконско земање и користење на генетски материјал.

Лицата (едното 35, другото 46 години) наплаќале по 1.000 денари од „тест“. Тестовите ги правеле одејќи по куќи, а на жртвите им давале стапче и лента за сами да си земат брис од нос и од грло. На други им барале сами да си земат крв и да капнат врз пластична лента на која се појавувале една или две линии, кои наводно покажувале дали некој е заразен или не, слично на тест за бременост.

На 12 ноември полицијата соопшти дека е разбиена група од Виница која незаконски продавала лажни тестови за ковид-19. Двете лица и приватната установа нуделе и продавале несоодветни брзи тестови, а по полициската акција се осомничени за незаконито земање и користење генетски и биолошки материјал.

Биле направени и претреси на повеќе локации, при што во домот на 46-годишниот виничанец биле пронајдени седум ќеси со натпис „ковид чек ТМ“ и едно шише од 2 милилитри со течност со назив „буфер“.

Инфо >> sdk.mk

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE