Во овој момент има неколку пратеници од владејачкото мнозинство, кои што сериозно размислуваат да го напуштат истото и да се формира ново парламентарно мнозинство во Собранието со цел да падне оваа влада затоа што се незадоволи со националните предавства и здравствената и економска криза која што и се случува на Македонија и тоа ќе го гледаме во периодот што доаѓа пред нас.
Ова во интервју за Алфа го изјави потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски.
Ова ќе треба да биде трета влада што ќе ја формира ВМРО ДПМНЕ или раководството на таа партија по губењето на изборите на 15 јули. Пардон, по победата на изборите на 15 јули без гласовите на Беса, како што вели лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
Прво, од страна на Централниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше прогласен како победник на изборите на 15 јули и му дадоа мандат да ја формира новата влада.
Второ, го убедуваа членството дека нема да има избори во Штип и дека е договорено со странците ВМРО ДПМНЕ да се врати во власта преку влада на национален спас или експертска влада. Варијантите на оваа тема зависат од тоа кои дава интервјуа-Христијан Мицкоски ( експертска влада ) или Антонијо Милошоски ( влада на национален спас ).
И сега под трето, и Александар Николски почна да формира влада. Но сега ќе биде формирана политичка влада што ќе рече влада без СДСМ и Зоран Заев, но со пратеници од сегашното мнозинство кои се патриоти и си ја сакаат државата.
Повеќе >> Во Центар