Заев: Бугарија не е фашизам, туку наш пријател, Југославија нѐ држеше разделени

Прочитај за: < 1 минута

Премиерот Зоран Заев кажа дека веќе се сменети повеќе од 20 табли во Македонија, на кои што пишувало „бугарски фашистички окупатор“ и вели дека Бугарите не се фашисти, туку нашите пријатели, во интервју за бугарската агенција „БГНЕС“. Заев тврди дека за време на Втората светска војна Бугарите биле администратори на почетокот, но потоа се приклучиле на антифашистичкиот фронт и бугарските и македонските војски заедно ги ослободиле Крива Паланка, Куманово и Скопје.

„Имало некоја администрација во тој момент, на почетокот. Потоа Бугарија се дигна заедно со антифашизмот, се бори за слобода, за демократија и неспорно е дел од антифашистичкиот фронт. Бугарски и македонски војски ослободуваа територии – Крива Паланка, Куманово целиот регион, Скопје. И тоа е еден убав дел од нашата историјата“, кажа Заев во интервјуто.

Окупаторот Бугарија „администрираше“ со Македонија од април 1941, веднаш откако нацистичка Германија ја освои Југославија, па сè до септември 1944, кога Црвената армија почна да навлегува на бугарска територија. Тогаш во Бугарија се случи преврат и ја смени страната, објавувајќи ѝ војна на Германија.

Повеќе >> sdk.mk

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE