Заев: Пендаровски не е толку искусен политичар како што сум јас

Прочитај за: < 1 минута

Претседателот Стево Пендаровски не бил внимателен со зборовите кога кажа дека бугарската политика нема излезено од матрицата на Живковизмот, а во душата и паметот има желба за големо пријателство со Бугарија, смета премиерот Зоран Заев. Во интервју за бугарската агенција „БГНЕС“, Заев беше прашан дали се оградува од тврдењето дека Бугарија е живковистичка држава.

„Верувајте, претседателот Пендаровски е пријател на Бугарија. Не е толку искусен политичар, како што е Зоран Заев. Нормално, затоа што работел со нашите претседатели Борис Трајковски и Бранко Црвенковски, беше национален координатор за НАТО во мојата влада.

Тој е сериозен општественик и е ангажиран целосно на пријателството со нашите соседи и со Република Бугарија и секако на нашата интеграцијата во НАТО и ЕУ. Некој пат, верувам дека и јас, не само тој, не сме доволно внимателни со зборовите.

Ви кажувам отворено, дека во неговата душа и неговиот памет, е комплетно желбата и сонот за големо пријателство, кое го имаме, но треба да го доизградиме и тој е голем поддржувач на договорот помеѓу Северна Македонија и Бугарија“, му одговори Заев на бугарскиот новинар.

Повеќе >> sdk.mk

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE