Професорот Љубомир Цуцуловски ги прозва учесниците на вчерашните протести на Украинците во Скопје за употребата на името „Република Северна Македонија“ во нивните говори.
Украинците од Македонија побараа НАТО итно да воведе зона на забранети летови над Украина
БЕСЧУВСТВИТЕЛНО БЕЗОБРАЗИЕ. Да бараш подршка за својата земја (Украина) среде главниот град на Република Македонија, именувајќи ја со наметнатото и грозно име Република Северна Македонија е повеќе од безобразие. Тоа е несфатливо непочитување на Република Македонија и на нејзиниот народ и тоа во време кога твојата земја (во случајот Украина) е загрозена, онака како што и Македонија цело време е загрозена. Тоа се случи вчера од страна на дел од организаторите на протестот за подршка на Украина. Прво, тоа беше направено за време на самиот протест од извесна особа, чие име не сакам ни да го запаметам. Уште помалку да го спомнам. Потоа, истата особа, во изјава за скопската Телевизија 24 (дадена пред Амбасадата на Украина во Скопје) повторно се служеше со наметнатото име, кое не помина на референдумот од 30.09.2018 година и без потпис од Претседателот на Република Македонија. Кое е, значи, нелегално и нелегитимно.И сето тоа се прави кога некој/некои бараат подршка за својата земја, која се наоѓа пред целосен колапс. Притоа, токму систематското повторување на бесмислената и крајно навредлива кованица „Република Северна Македонија“ говори дека не станува збор за случајна грешка, туку за свесен акт, напиша професорот, со забелешка:
П.С. Барем нешто да се научеше – „Не го прави тоа, кое не сакаш другите да ти го прават.“