Александар Сорос, син на милијардерот Џорџ Сорос, најави дека ќе обезбеди нови средства за активисти во држави околу Русија. Ова е неговиот одговор на руската инвазија врз Украина.
Македонија од искуство знае дека ваквата поддршка значи обоени револуции во овие земји. Во текст објавен во Еуроњуз, помладиот Сорос најави и кои држави може да очекуваат наплив на „демократија“.
Поддршката на Украина и борбата против Владимир Путин и неговиот напад врз демократските, либерални влади низ источна Европа и средна Азија бара одговор кој нема да биде само хуманитарен. Се бара дуплирање на поддршката за идејата за отворено општество, и за мноштвото гласови и групи кои се залагаат за човечкото достоинство и за одговорни влади – во Казахстан, Унгарија, Полска, Молдавија, во Киргистан, во Ерменија. Сите гласови кои можат да бидат мобилизирани во солидарност со Украина. Тоа се гласовите кои Владимир Путин сака да ги замолчи, најави Сорос.