Премиерот Димитар Ковачевски немаше одговор на прашањето зошто Регулаторната комисија за енергетика уште не ги објавува новите цени на горивата, кои се очекува да бидат значително повисоки поради скокот на цената на нафтата на светските пазари.
Во однос на одлуките на РКЕ, не знам и не се мешам. Таа треба да носи одлуки согласно методологијата, изјави Ковачевски.
Граѓаните од минатата недела интензивно полнат горива, со долги редици на бензинските пумпи во очекување на драстичниот скок кој треба да дојде вечерва. Ковачевски пред новинарите ја презентираше повеќе пати повторената теза на Владата, дека Македонија има најниски цени на горива во регионот. Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ на ова одговара дека Македонците имаат и најниски плати во регионот.