Нов протестен собир против рускиот напад врз Украина денес се одржа во центарот на Скопје, при што десетици Украинци протестираа со повик да се воведе зона на забранети летови над Украина.
Ние како Украинци во Република Северна Македонија јавно се обраќаме до Владата на Република Северна Македонија со апел за итна потреба за затварање на воздушниот простор над Украина, што може да ја сопре ескалацијата зошто нема да има незасегнати во Европа земји, изјавија организаторите.
НАТО веќе го отфрли ова барање на Украина. Доколку некоја земја или организација прогласи зона на забранети летови, се очекува да застане зад таа одлука со својата авијација. Ваква одлука на НАТО во Украина би значела директен судир меѓу Русија и САД. Украинците, пак, се надеваат дека со ова би се спречиле нападите на руската авијација.
Собраните граѓани од организацијата Лесја Украинка носеа и слики од разурнатите градови во Украина, како и од рускиот претседател Владимир Путин претставен како Хитлер. Тие отворија пункт на плоштадот Македонија, каде граѓаните можат да остават донации за Украина.
[…] Украинците од Македонија побараа НАТО итно да воведе з… […]
Comments are closed.